Јута и вторпат ги „преслуша“ ЛА Клиперс, Милвоки со прва победа над Бруклин (ВИДЕО)

148

Во синоќешните два натпревари од второто коло во плејофот во НБА лигата, Милвоки го искористи домашниот паркет и успеа да ја оствари прват апобеда над Бруклин со 86:83 со што успеа да намали на 2:1 во серијата до четири победи, додека во вториот натпревар Јута и по вторпат на домашен терен славеше над ЛА Клиперс, овој пат со 117: 111.

Кошаркарите на Бруклин, за многумина први фаворити за освојување на титулата во НБА, обезбедија убаво водство од 2:0 на воведните натпревари од Источното полуфинале, но на првото гостување во Милвоки беа поразени.

Крис Мидлтон беше брилијантен во домашниот тим, постигнувајќи 35 поени.

Во Солт Лејк Сити, каде го имаат најдобриот дефанзивен играч во лигата Руди Гобер, ЛА Клиперс се обиде да и се реваншира на Јута за нивниот неодамнешен пораз, но не успеаја. Јута го доби и вториот натпревар благодарение на Донован Мичел, кој постигна 37 поени.

ПретходноБорусија Дортмунд одби огромна понуда од Јунајтед за Санчо
СледноКутињо може да заврши во дресот на Олимпик Марсеј