Димковски, МВП од Рига: Примивме многу удари, имавме повреди, но сите дишевме како едно!

382

Горди Македонци. Вака накратко може да го опишеме чувството кое кадетите го пренесоа од Рига до Македонија. Од овој град испратија порака дека иднината чекори по вистинската патека, потребно е време, големо трпение и секако многу работа. Потребна е вистинска федерација која ќе им понуди на сите генерации одлични услови за работа, а РФМ до сега не се штедеше за ниту една репрезентација. На крајот успехот е загарантиран.

Во Рига главна одлика беше сплотеноста, момците се држеа едни со други, не дозволуваа никоја да падне, стручниот штаб веруваше во нив, а тоа беше доволно за да ги рашират „крилјата“ за да полетаат кон височините.

Токму на ова првенство МВП признанието отиде во рацете на македонски репрезентативец. Томислав Димковски, исто како своите соиграчи првпат играше финале на едно вакво големо натпреварување, беше еден од лидерите во „црвено-жолтите“ редови.

„Голема благодарност до тренерите и до целата екипа. Многу трениравме, речиси два и пол месец се подготвувавме заедно. Многу се заложивме, дадовме се од себе, нашата желба беше една – да го освоиме првенството. На почетокот победувавме со голема разлика, верувавме во нашите квалитети.

Финалето беше прво за сите нас. Бевме уморни, но како што кажав премногу мотивирани. Примивме многу удари, имавме и повреди, но сите сите дишевме како едно, а кога е така, патот е многу полесен“, изјави МВП на ЕХФ шампионатот.

ПретходноРистовски, Адеми и Барди во атак на групната фаза во Лигата на Шампионите!
СледноВо сабота официјално почнува ВМФЛ