Македонската кадетска репрезентација го доби одлучувачкиот меч на Европското првенство за опстанок во „А“ Дивизија. „Црвено-жолтите“ максимално ја оправдаа фаворитската улога против Данска, славеа со убедливи 64-83.
Со вториот триумф на шампионатот, Македонија го фати претпоследниот воз за елитата, па до крајот сите можат да бидат спокојни, бидејќи се најде селекција како Данска која кошаркарски се уште е назад. Нашите момци го чекаат противникот во битката за деветото место на ЕП.
Дека ова ќе биде меч во една насока беше познато по првата четвртина, нашите момци отворија со 6-16. По првите десет минути беше 16-22, на одморот, Македонија водеше со 34-49.
Противникот не беше на нивото на кадетите, не успеа да се издигне ниту во третата четвртина. До крајот македонската репрезентација рутински го приведе дуелот за голема радост.