Реал во паника: Јунајтед му нуди на Касемиро двојно повисока плата!

759

Неколку светски медиуми пишуваат дека играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Касемиро може да го напушти Реал и да замине во Манчестер Јунајтед. Вест која звучи неверојатно, меѓутоа Јунајтед има понуда за бразилскиот фудбалер која е многу подобра од онаа на Реал.
Манчестер Јунајтед ќе му понуди на Касемиро петгодишен договор и ќе му ја удвои платата која ја добив во Реал Мадрид.
Европскиот првак не сака да го продаде фудбалерот, но од друга страна фудбалерот ќе одлучи дали ќе оди на „Олд Трафорд“ или ќе му остане верен на „кралскиот клуб“.
Јасно е дека Реал во моментов е на повисок квалитет од „Црвените ѓаволи“ кои се мачат со составот и со резултатите, но од друга страна можат да понудат фантастична плата. Неофицијално Јунајтед би му дал на Касемиро 215.000 евра неделно!

 

ПретходноДанска убедливо совладана, кадетите го заверија местото во „А“ Дивизија!
СледноЛК: Ѓургарден го растури АПОЕЛ, чудесен гол на Едвардсен (видео)