Давид Бабунски го раскина договорот со Виторул

558

Македонскиот фудбалски интернационалец, Давид Бабунски, кој е поранешен репрезентативец на нашата земја, ја заврши соработката со романски Виторул Костанца. Тој е еден од четворицата играчи кои го напуштаат тимот.

Како што објавија романските медиуми, Ромарио Бензар, Сантос, Давид Бабунски и Маркињос, нема да продолжат со договорите, откако клубот имаше прилично разочарувачка сезона во романската елита.

Давид Бабунски постигнал договор за спогодбено раскинување на договорот.

ПретходноГолманот на Австрија очекува дефанзивна игра на Македонија
СледноУтрински тренинг во Букурешт: Подготвени за Австрија (ФОТОГАЛЕРИЈА)