Вулверхемптон го претстави Матеус Нуњес

108

Она што претходните денови се договараше, денеска доби и официјализација. Премиерлигашот Вулверхемптон и официјално го направи најголемиот трансфер во својата историја, носејќи го како најголемо засилување летово, досегашниот играч на Спортинг Лисабон, Матеус Нуњес.
Во трансфер вреден 45 милиони евра, Нуњес стануа член на Волфси и ќе мора да покаже во следниот период зошто е потрошена толкава сума за него. Доколку тој одигра како што се посакува, постигне голови и асистира според планираното, Спортинг на име на додатни клаузули би можел да добие плсу 5 милиони.

Нуњес е третото летно засилување за Вулверхемптон откако веќе пристигнаа Гонзало Гуедеш од Валенсија односно нејтан Колинс од Барнли.

ПретходноЖФК Љуботен денеска по сензација
СледноАМС ќе го обезбеди наградниот фонд на Охридскиот маратон