Роналдо го поврзуваат со германски тим, не е Баерн!

291

Кристијано Роналдо ова лето живее вистински кошмар бидејќи не може да го напушти Манчестер Јунајтед. Желбата на Португалецот е да игра во тим кој настапува во Лигата на шампиони, но засега тоа тешко му оди.

Тој беше поврзуван со многу клубови ова лето, дури имаше приказна дека Јунајтед е подготвен да го пушти Роналдо бесплатно да си замине од клубот, бидејќи на сите им е јасно дека неговата ситуација во голема мера ја наруши и онака лошата атмосфера во соблекувалната на англискиот клуб.

По многубројните шпекулации, англиските медиуми утрово објавија нова. Наводно, сега интерес за Роналдо покажа и Борусија Дортмунд, кој сака да го доведе напаѓачот откако на Себастијан Халер му беше дијагностициран рак на тестисите.

За ова зборуваше и првиот човек на германскиот клуб Ханс-Јоаким Ватцке, кој призна дека би било интересно да се види Роналдо во дресот на Дортмунд, но дека е тешко да се очекува дека тоа всушност ќе се случи.

„Го сакам како фудбалер и секако е интересна идеја да дојде да игра за Дортмунд. Сепак, немаме контакт со него и моментално нема причина да зборуваме за негово доведување“, изјави Ватцке.

На крајот на краиштата, не е исклучено Роналдо да остане во Јунајтед и покрај тоа што и оваа сезона сака да игра во Лигата на шампионите, но како што одминуваат деновите се повеќе и повеќе изгледа како невозможна мисија.

ПретходноПоследен ден во Струга: Битолчани по првиот трофеј пред стартот на сезоната!
СледноЃорче ја “мерка“ Победа за први бодови во новата сезона!