Неверојатно: Вердер губеше oд Дортмунд со 2:0, па победи со три гола во судиското продолжение

274

Неверојатен меч на „Сигнал Идуна Парк“. Фудбалерите на Борусија Дортмунд се посрамотија пред своите навивачи во дуелот со Вердер во Бундес лигата кој го загубија со 2:3. Срамот е поголем затоа што „милионерите“ водеа со 2:0 (со голови на Брант и Гереиро) до 89 минута, а потоа примија три во судиското продолжение на времето.

Буханан намали, во наредната акција Шмит изедначи (90+3 минута) и потоа Бурк ја донесе победата за „музикантите“ од Бремен (во 90+5 минута).

На другите натпревари, Баер Леверкузен изгуби дома од Хофенхајм со 0:3, Штутгарт исто така изгуби дома од Фрајбург со 0:1, Волфсбург и Шалке одиграа без голови. А Мајнц во гости го совлада Аугзбург со 2:1.

 

ПретходноИвановски ќе игра за трофејот на ИТФ турнирот во Тунис
СледноСупер Дарко дебитираше за Барнли во лудо реми со шест гола