Енис Барди ќе биде новиот херој во Трабзон. Иако неговиот тим денеска загуби на гостувањето кај Анталијаспор со 5:2, сепак нашиот репрезентативец имаше фантастично деби за својот нов клуб со два постигнати гола во домашиот шампионат.
Домаќинот рано дојде до двојно водство, а Барди пред полувреме погоди за 2:1. Во вториот дел во 73. минута со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот Барди израмнува на 2:3, но само неколку минути подоцна домашните преку Бајракдар успеаа да дојдат до ново водство, а преку истиот играч во последните моменти и до 4:2. Конечниот резултат го постигна Рајт.
Никој од нас не се сомневаше дека Барди со неговиот трансфер во Трабзон ќе стане главна карика на овој турски гигант, а сега во тоа се уверија и милионите навивачи на овој клуб.
⚽ 45+5′ Enis Bardhi
Antalyaspor 2-1 TrabzonsporAnlık goller ve canlı yayınlar için: @goalforza_ pic.twitter.com/k3FNAjcAqa
— Anlık Goller (@anlikgoller_2) August 20, 2022
GOL | Antalyaspor 2-2 Trabzonspor
⚽️ 73′ Bardhi 🔥
Canlı yayın ve Anlık goller için Takip: @GoalHubTR pic.twitter.com/ucbxhM7f99
— Süper Lig | Anlık Goller (@Golsuperlig2) August 20, 2022