Македонија само со фудбалерите и стручниот штаб во Амстердам!?

912

Македонската фудбалска репрезентација само со фудбалери и стручен штаб ќе патува во Амстердам. Односно ќе нема ниту претставници од ФФМ, ниту новинари, а навивачи, пак, е познато дека ќе нема откако холандската Амбасада порача да не патуваат фанови, со оглед дека Македонија е на листа на небезбедни земји за Холандија.

Доказ за ова е дека авионот со челниците на ФФМ, новинарите и со другите службени лица, и кој на 18-ти јуни требаше од Букурешт да летне кон Амстердам, е пренасочен за Скопје, односно тие се враќаат во Македонија.

Ова не е прво вакво искуство за Македонија. Така беше и на дуелот со Германија, откако Германците побараа само фудбалерите и стручниот штаб да одат во Дуизбург на дуелот со „елфот“. Тогаш тоа ни донесе среќа, па да се надеваме дека така ќе биде и овојпат.

За ова во Амстердам, се чека и конечна потврда од УЕФА, меѓутоа се чини дека така ќе биде.

Дуелот со Холандија може да биде и одлучувачки за нашата селекција, доколку освоиме некој бод од дуелите со Австрија и со Украина.

ПретходноТричковски: Уживме во овие моменти со голема доза на одговорност, знаеме што значи ЕП за нашата земја!
СледноБејтулаи: Навивачите мора да имаат верба во нас, бидејќи можеме да ги изненадиме