Македонија на претпоследното место по вредност на ЕУРО 2020, Англија наскапа, Финска најевтина селекција

424

Англиската репрезентација ги има најскапите фудбалери на ЕУРО 2020, односно е најскапата селекција од сите кои ќе учествуваат.

Според податоците на „Трансфермаркт“, Англија вреди 1,27 милијарди евра, додека Франција „тежи“ 1.03 милијарди, Германија е со вредност од 936 милиони, додека Шпанија 915 милиони.

Селекцијата на Македонија е претпоследна на листата. Пандев и другарите вредат некаде 61,8 милиони, додека Финска е најевтината селекција со 44,6 милиони.

Најскап играч на турнирот ќе биде Мбапе со 160 милиони, а лседуваат Кејн со 120, Санчо со 100 милиони, и Лукаку и Де Брујне со по 100 милиони.

ПретходноБелгија, сепак, мора без Де Бруин на првиот меч на Еуро 2020
СледноМанчестер Сити нуди 117 милиони евра за Кејн и плата од 16 милиони по сезона