Шпанскиот репрезентативец Педри повторно го изрази своето воодушевување од соиграчот Роберт Левандовски, кој постигна два гола во победата на Барселона од 4:1 на гости кај Реал Сосиедад во натпреварот од второто коло во шпанската Ла Лига. Победата ја прекина серијата од три меча без победа за Каталонците, а како што е добро познато Полскиот интернационалец се обврза на верност кон Барселона токму на својот 34-ти роденден.
„Иако има 34 години, изгледа како да има 20 години. Лудо е колку голови постигнува и пред се како работи со тимот. Тоа ни помага многу. На полувремето зборувавме за тоа како треба подобро да ги нападнеме празните места што се отвораат. Минатата недела не бевме на потребното ниво, па победата е многу важна затоа што навистина ја посакувавме. На моменти игравме добро,на моменти не, а кога ја губевме контролата си ги комплициравме работите“ – изјави Педри по мечот викендов.