Симеоне не смее да го пушти Гризман повеќе од едно полувреме!

338

Францускиот репрезентативец, Антоан Гризман на стартот на оваа сезона не одигра ниту едно цело полувреме за Атлетико Мадрид. Напаѓачот кој пред три години прејде во редовите на Барселона за 120 милиони евра во овој момент е на позајмица во тимот на Диего Симеоне.

Пред трансферот во каталонскиот гигант беше еден од најдобрите играчи во светот, откако не се прослави во дресот на Барселона, се врати во Атлетико со надеж дека одново ќе биде меѓу најдобрите.

Атлетико спред инфорамциите платил 10 милиони евра за него со посебна клаузула во договорт. Како што пишува каталонски Спорт, Атлетико ќе мора да го откупи неговиот договор вреден 40 милиони евра доколку одигра повеќе од 45 минути.

Договорот за позајмица трае уште година дена. Минатата сезона даде осум голови и подели седум асистенции, а оваа на два меча со скратена минутажа постигна еден гол.

ПретходноТен Хаг: Личевме на екипа, момците играа е*ено добар фудбал
СледноКлоп: Да одигравме малку подобро – ќе победевме