Не треба да се трошат зборови за тоа кој е Шабан Трстена. Великанот, гигантот на нашиот спорт. Олимпискиот шампион во борење на ОИ во Лос Анџелес 1984 година.
Тој во гостувањето на ТВ емисијата “Одиме на Европско“ на ФФМ покрај другото го кажа и следното и им даде голема поддршка на нашите фудбалери кои ќе ја претставуваат Македонија на ЕУРО 2020, кое започнува вечерва.
“Имаме златни момци кои за првпат обезбедија пласман на Европско првенство.Тие веќе испишаа историја“.
Трстена не заборави да каже дека и тој понекогаш бил во улогата на аутсајдер…
“Да, во животот многупати сум бил во улога на аутсајдер, но тоа ми давало дополнителен мотив и сила за резултатите кои сум ги постигнал“.