Рашфорд погоди од офсајд, но ВАР го призна голот поради едно ново правило!? (ВИДЕО)

1706

Фудбалерите Манчестер Јунајтед синоќа го совладаа Ливерпул со 2:1 во дербито на Премиер лигата и со тоа конечно стигна до првите бодови. Сепак, и покрај важната победа над најголемиот ривал, ден по натпреварот на големо се зборува за една спорна ситуација.

Маркус Рашфорд го постигна вториот гол за Јунајтед во 53. минута, но тоа го направи практично од офсајд. Сепак, тој гол беше признат, а причина е едно ново ВАР правило кое важи од оваа сезона.

Како што е наведено, според новите ВАР инструкции за судиите, доколку двете исцртани линии во ВАР просторијата главно се преклопуваат, предноста му се дава на напаѓачот.

„Ова правило дава стапка на толеранција, односно маргина на грешка, од пет сантиметри во корист на напаѓачот. Што значи дека тие можат да бидат влакно пред дефанзивецот, но голот ќе се признае поради можни непрецизности во системот “, се вели во објаснувањето на стручњаците.

Рашфорд беше маргинално во офсајд, но благодарение на ова правило тој доби предност и голот не беше поништен.

ПретходноПо 254 дена фудбалот се врати во Украина
СледноВардар 1961 не се пласира во Ф4 во СЕХА, Нексе ја доби пенал-драмата во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)