Вардар 1961 не успеа да завери билет на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Овој пат македонскиот првак по пенали беше совладан од Нексе со 30-32. Иако „црвено-црните“ се вратија од негатива, сепак на крајот не реализираше два седмерци за голема радост во редовите на Нексе.
На трибините во СЦ „Јане Сандански“ беше Кирил Лазаров, тренерот на Алкалоид и селекторот на македонската ракометна репрезентација. Неговото присуство кое ќе биде често оваа сезона на сите натпревари, го искористи познатата водителка Лила Филиповска, која си направи селфи со мак-гол машина.