ОФИЦИЈАЛНО: Самуел Умтити направи трансфер во Лече!

124

Од Барселона во Лече. Францускиот одбранбен фудбалер Самуел Умтити го напушти „Ноу Камп“ и слета во италијанската Серија А, поточно во Лече. Умтити во последните сезони не беше стандарден во Барселона, а клубот се обидуваше да се ослободи од него но никако не успеваше. Фудбалерот инсистираше да остане иако имаше неколку понуди, извесен период беше и повреден, па неговата форма и кариера тргнаа по надолна линија.

Сфати дека мора да побара друг клуб, а во моментов само Лече излезе како најсериозен кандидат и тој ја прифати нивната понуда. Тој ќе игра како позајмен до крајот на сезоната.

Лече тргна лошо во новата сезона со два порази по првите две кола.

ПретходноЃоковиќ потврди: За жал, нема да играм на УС Опен
СледноИстанбул на нозе: Некогаш беше голема ѕвезда во Премиерлигата, сега ќе игра за Бешикташ! (ВИДЕО)