Ужасен, катастрофален настап на Лина Ѓорческа на ИТФ – фјучерсот во Прага. Имено таа денеска во меч од првото коло беше поразена со 1:2 во сетови и тоа од Ане Минтеги Дел Олмо од Шанија. Треба да се каже дека нашата најдобра тенисерка првиот сет го доби со 6:3 во гемови, но затоа другите два ги загуби со по 0:6 и 0:6 во гемови, значи Лина против тенисерката од Шпанија не успеала да добие ниту еден гем во вториот и третиот сет.
Па така доживеа неславна елиминација уште на стартот на турнирот во Прага.