Официјално: Јувентус го потврди Леандро Паредес

109

Аргентинскиот играч од средниот ред Леандро Паредес е нов член на Јувентус, потврди торинскиот клуб на својата официјална интернет страница. Паредес ги направил лекарските прегледи во Париз и таму го потпишал договорот според кој ќе оди во Торино на едногодишна позајмица со тоа што Јуве има и опција да го откупи неговиот договор по истекот на наемот за речиси 23 милиони евра плус 3 милиони во форма на бонуси. Доколку „Старата дама“ не одлучи да го откупи договорот на ПСЖ ќе му плати 2,5 милиони евра.
Паредес се враќа во Серија А, а претходно играше за Киево, Емполи и Рома пред да замине во Зенит од Санкт Петербург во летото 2017 година.

ПретходноНи Баерн, ни Јунајтед – австрискиот џин Калајџиќ отиде во Вулверхемптон
СледноВелковски претставен како командос во новиот клуб (видео)