Милан летово го доведе Шарл Де Кетеларе од Клуб Бриж, а 21-годишниот офанзивен играч за врска остави добар впечаток на првите настапи на „Сан Сиро“.
Италијанскиот гигант сега е на чекор да потпише и со две години помладиот сонародник на Де Кетеларе, Астер Вранкс од Волфсбург.
Според информациите кои стигнуваат вечерва, Вранкс пристигнал во Милано и наскоро ќе ги мине лекарските прегледи.
Милан ќе му плати 2 милиони евра на Волфсбург за 1-годишна позајмица, а во договорот ќе има и откупна клаузула во вредност од дополнителни 12 милиони евра.