Белградското „вечно дерби“ повторно без победник (ВИДЕО)

117

Фудбалерите на Партизан и Црвена Звезда ремизираа 1:1 во 168. „вечно“ дерби во српската Суперлига. Во дербито на 9. коло, градските ривали одиграа одличен меч, а по ова реми Ц. Звезда останува со предност од 7 бода пред големиот ривал.

Партизан осми меч по ред остана без победа во „вечното“ дерби, додека Ц. Звезда деветти меч по ред не успеа да победи во „Хумска“.

Во 27. минута Букари го постигна голот на сезонатаи и донесе на Ц. Звезда водство од 1:0, додека домашните со гол од пенал преку Натхо израмнија на 1:1 во 51. минута.

ПретходноМладите одбојкарки убедливо поразени и од Италија
СледноАрсенал реди победи, Халанд со хет-трик во новата победа на шампионот (ВИДЕО)