Првенецот на Елмас доволен за реми, Јуве по две ремија, конечно, победи (ВИДЕО)

316

По двете ремија со Сампдорија и Рома, конечно, Јувентус покажа вистинско лице и ја обезбеди втората победа сезонава во Серија А. „Старата Дама“ вечерва пред своја публика со 2:0 ја порази Специја, благодарение на погодоците на Влаховиќ во 9. минута и на Аркадиуш Милик во судиското продолжение.

За Милик ова беше дебитантски гол во дресот на Јуве каде пристигна како едно од последните засилувања ова лето.

Наполи на нашиот Елиф Елмас остана само со бод на домашен терен против жилавиот Лече. Гостите промашија пенал во првиот дел, а кусо потоа со голот првенец оваа сезона на Елмас, Наполи успеа да поведе со 1:0.

Сепак, радоста на наполитанците кратко траеше затоа што Коломбо кој претходно промаши од белата точка, овој пат погоди од игра за 1:1. За наполи ова е второ последователно реми по стартните две победи.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноАрсенал реди победи, Халанд со хет-трик во новата победа на шампионот (ВИДЕО)
СледноЊукасл не издржа: Карваљо во 97. минута го „еруптираше“ „Енфилд“ (ВИДЕО)