ОФИЦИЈАЛНО: Ашковски го облече дресот на Ламија

192

Она што „СПОРТМЕДИА“ го најави пред неколку дена и официјално е потврдено. Македонскиот репрезентативен бек, Стефан Ашковски, и официјално е промовиран како ново засилување за грчкиот прволигаш Ламија.

Клубот синоќа го престави Ашковски како ново засилување за актуелната сезона. Крилниот бек кој минатата сезона го носеше дресот на романски Сепси замина во Грција како слободен фудбалер.

„Многу сум среќен што сега сум член на тимот на Ламија. Се надевам дека сите заедно ќе ги постигнеме нашите цели и дека тимот ќе бележи големи резултати“, изјавил 30-годишниот Ашковски на промоцијата.

Во минатото тој играше за Ботошани, Славија Софија, Фортуна Ситард, Горњик Лечна, Ерчиеспот, Партизан, Нови Пазар, Шкендија, Стромсгондсет, Напредак, Доњи Срем, Телеоптик и Вардар. За селекцијата на Македонија има 15 настапи.

ПретходноЈанузај го замени Окампос во Севиља
СледноУС ОПЕН: Медведев лесно до 3. коло, Серена ја „преслуша“ втората носителка