Проблемот на Барселона кој мора да се реши денеска до полноќ!

580

Барселона имаше исклучителен летен преоден рок, но и во послендиот ден од преодниот рок работата не им е комплетно завршена. Главната работа која чека одговор најдоцна денеска до полноќ е иднината на Френки де Јонг.

Додека Де Јонг се чини дека ќе остане на „Камп Ноу“ и покрај продолжениот интерес од Манчестер Јунајтед и Челзи, клубот ќе се обиде да го подреди неговиот пакет за плати.

Покрај неговата сегашна плата, играчот има и дополнителни 17 милиони евра за амортизација и заостанати исплати преку одложени плати, што ја искомплицираа неговата иднина. Барселона сакаше да ги избегнат овие трошоци со продажба, но агентите на фудбалериот бараа тој да си го оствари право на договорните обврски.

Барса веќе побара од Де Јонг да ја намали платата на половина или да го напушти клубот, но до денеска ниту едното, ниту другото не е завршена работа. Ако денеска не го продадат, Каталонците ќе мора веднаш да почнат со реструктуирање на неговиот договор, со што постои можност да се одложат уште повеќе негови плати. Тоа значи нов проблем, а Де Јонг кој и онака не игра од почетокот на сезоната можно е да остане надвор од тимот на подолг рок.

ПретходноЛинекер: Со ова темпо, Халанд ќе ги урне рекордите на Ширер и Кејн
СледноКомплетирани осминафиналистите на СП: Србија со Аргентина, Словенците на Германија