Дест слета во Милано, денеска потпишува за Милан

244

Дефанзивецот на Барселона Сержињо Дест утрово следтал на аеродромот во Милано. Како што објавија италијанските медиуми, тој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Милан, откако „росонерите“ доцна синоќа успеале да постигнат договор со Барселона за негова позајмица.

Дест се сели на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер на една сезона, а во договорот ќе има и клаузула која ќе му овозможи на италијанскиот првак да го откупи неговиот договор во јуни следната година за сума од 20 милиони евра.

Барселона во обид да ги намали трошоците за плати денеска ќе се обиде да се ослободи од уште најмалку 5-6 фудбалери.

ПретходноКомплетирани осминафиналистите на СП: Србија со Аргентина, Словенците на Германија
СледноЕ. Пелистер е во Задар: Почнува „Операцијата Веспрем“ (ФОТО)