Супер-дерби на стартот на Евробаскетот 2022: Словенија – Литванија

289

Со натпреварот меѓу Шпанија и Бугарија денеска од 13.30 часот во Тбилиси почнува Европското првенство во кошарка, кое ќе се игра во пет градови во четири различни земји.

Дербито на денот е во Келн, каде од 17.15 часот Словенија се среќава со Литванија во меч во кој ќе ја видиме вистинската сила на бранителот на трофејот, кој во подготвителниот период одигра одлично, но „киксна“ во квалификациите за СП 2023.

Денеска во првото коло од групата А ќе се сретнат и Турција – Црна Гора и Белгија – Грузија. Во групата Б покрај дербито на денот, ќе играат уште Босна и Херцеговина – Унгарија и Франција – Германија.

Натпреварите од првото коло во групите Ц и Д се играат утре. Пласман во осминафиналето ќе добијат четирите најдобро пласирани селекции од секоја група.

КОШАРКА, ЕП 2022

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:

13.30 Шпанија – Бугарија

14.30 БиХ – Унгарија

16.15 Турција – Црна Гора

17.15 Словенија – Литванија

19.00 Белгија – Грузија

20.30 Франција – Германија

ПретходноУште едно ново име на „Етихад“: Сити потпиша со Аканџи од Борусија (Д)
СледноГокхан Бозкаја е В.Д. тренер на Шкупи!