Откако Шкупи остана без стратег по оставката на Гоце Седлоски во текот на вчерашниот ден, раководството на шампионот веднаш реагираше и го назначи Гокхан Бозкаја како В.Д.тренер на чаирачни. Тој веќе почна со работа, го одработи утринскиот тренинг со тимот и ќе го води Шкупи во недела на мечот со Брегалница во Штип, натпревар од 6.коло и многу важен за Шкупи.
Инаку колку за потсетување, Турчинот и во минатото се споменуваше како тренер на Шкупи, и тоа во јуни. Тоа беа најавите од медиумите во Турција.Исто така да кажеме дека Гокхан Бозкаја има работено во Фенербахче и тоа лани во младинските екипи на гигантот од Истанбул.