Вчера му даде гол од корнер, а денес ќе потпише за Арсенал

527

Даглас Луис синоќа беше стрелец на прекрасен гол за својот тим Астон Вила во поразот од Арсенал од 2:1, а денеска многу веројатно ќе се пресели токму таму. Тој јасно им ставил до знаење во клубот дека нема намера да игра повеќе за Вила и дека сака трансфер. Па затоа, веќе ги договорил личните услови за премин во Лондон, и сега останува само клубовите да се договорат околу одштетата.

Даглас Луис е екс играч на Васко де Гама по што направи трансфер во Манчестер Сити. Играше на позајмица во Гирона во Шпанија, пред да премине во Вила.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Стојчевски ќе им суди на Арсими и Пелистер, Ристовски “главен“ во Радовиш
СледноОбамејанг дефинитивно во Челзи