Урбан Лесјак ќе биде еден од адутите на Е. Пелистер на утрешното полуфинале на Ф4 СЕХА турнирот во Задар, против Веспрем. Мечот се игра од 20:30 часот.
На денешната прес конференција голманот на битолчани за тоа што може да се очекува на утрешниот меч покрај другото изјави:
“Едноставно Е. Пелистер заслужи да биде тука во Задар. Да не мислевме дека можеме добро да одиграме немаше ни да доаѓаме на Ф4. Ние ќе се бориме, ќе го дадеме својот максимум против Веспрем. Треба да се покажеме во најдобро издание. Првите впечатоци од моето доаѓање во Битола се одлични. Луѓето го сакаат ракометот, го знаат ракометот“ посочи Лесјак.