Хаос во Гостивар: Спонзорите си заминаа, прашање е кој ќе игра против Беса!

3535

А се требаше да биде поинаку. Имено во Гостивар, во еден од најсериозните кандидати за врвот во ВМФЛ се случува хаос, и не по вина на спонзорот кој одлучи да се повлече. Си замина, нормално, и тренерот, тоа е “приказната“ што еве веќе два дена е една од главните во мак – фудбалот.

Сега се поставува што и како понатаму. Клубот веројатно и натаму ќе егзистира, веројатно, но како и со каква амбиции е тоа се уште никој не го знае.

Исто се поставува прашањето и што со играчите кои ова лето дојдоа во тимот. Сега без турскиот спонзор секако дека нема да биде исто.

Сепак, во преден план е саботниот меч, гостувањето кај Беса во рамките на 3.коло. Прашање е прво дали ќе се игра овој натпревар, иа ко се игра од страна на Гостивар, тогаш кој ќе игра од играчите.

Останува да се види што и како до сабота, до мечот со Беса.

ПретходноТренер на колото: Бобан Бабунски (Победа)
СледноСмешки: Словенците на мечот со Литванија заминаа со такси возила! (ВИДЕО)