Кога твојот тим ќе одигра квалитетно на гости кај шампионот, и тоа на Чаир, кога твојот тим ќе остане непоразен и ќе освои бод на Чаир и тоа со гол во самиот финиш, тогаш јасно е дека ти си тренер на 5.коло во ПМФЛ.
А тоа е Бобан Бабунски, стратегот на Победа. Човекот кој што ова лето дојде во Прилеп и го презеде тимот со цел да избори опстанок во нашата елита.
Јасно е дека пред Бабунски е тешка задача, го освои првиот бод токму вчера на Чаир, но ако може Победа да освои бод против Шкупи, тогаш може и против сите останати екипи.
ФОТО: ФК Победа