Е.Пелистер го одбработи првиот тренинг во салата „Крешимир Ќосиќ“ во Задар пред утрешното полуфинале со Веспрем во СЕХА-лига. Битолчани ги прават последните договори за пресметката против украинскиот тим, во која влегуваат како аутсајдери, но тоа пак не ги демотивира, напротив максимално мотивирани допатуваат во Задар со надеж за изненадување на дебитанскиот настап на завршницата во регионалното натпреварување.
Дуелот меѓу Е.Пелистер и Веспрем е закажан со почеток во 20:30 часот.