Близок пријател на Шумахер открива: Корина не ми дозволи да дојдам во посета!

85

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер и натаму е во тешка состојба. По кобната несреќа, во јавноста има многу малку информации за Шумахер, неговото семејство го држи надвор од јавноста, па и од блиските пријатели. Засега само еден близок соработник може да го посетува во неговиот дом, а тоа Жан Тод, кој тврди дека е во добри раце.

За разлика од него пак, Еди Џордан, исто така близок соработник на Шумахер, не добил дозвола да го посети својот пријател. Сопругата на седумкратниот освојувач на Ф1 го известила дека само најблиските членови на семејството можат го видат.

„Ја познавам Корина и ја контактирав, ја прашав дали може да дојдам да го видам Шумахер. Добив негативен одговор. Ми рекоа дека никој не може да го види освен најблиските членови на семејството. После овој разговор, ми се јави синот на Шумахер Мик, тој е навистина неверојатно момче“, откри Џордан.

ПретходноЗаврши преодниот рок: Погледнете ги најскапите трансфери!
СледноНавивач стави знаме на Ливерпул пред Мане, кој пак воодушеви со својата реакција (ВИДЕО)