УО: Потврдена премијата од 700.000 денари за кадетите, Начевски предложен за наградата „8 Септември“

168

На седница на Управниот одбор при РФМ беше прифатен предлогот кој првиот човек, Живко Муакетов го најави веднаш по пристигнувањето на кадетите од Рига. Репрезентативците заедно со стручниот штаб да се наградат со 700.000 денари премија за освоеното прво место на ЕХФ шампионатот во Рига. Предлогот беше изгласан едногласно.

Нашите млади надежи се врати со пехарот и ги отворија протите за следните две големи натпреварувања, Европското првенство 2024 година и Светското првенство следната година.

На Седницата при РФМ беше верификуван предлогот Драган Начевски да ја добие државната Награда „8 Септември“ за животно дело и голем придонес во спортот. Првиот човек на РФМ истакна дека е горд што Македонија има едно име како што е Начевски. На барање на карате федерацијата ќе биде предложен и Венцислав Недев, како и шахистот Роландо Кутиров.

ПретходноСтручна судиска анализа: Немаше грешки во изминатото коло
СледноЛазаров: Македонија не треба да стравува за иднината! Се надевам дека ситуацијата со Мишевски и Томовски нема да се повтори!