Симеоне за проблемите на Барселона: Па зошто постојат тренерите?

794

Антони Гризман втора сезона по ред ќе игра во Атлетико Мадрид како позајмен играч од Барселона.

Каталонскиот гигант го прати на позајмица повторно, а следното лето Атлетико ќе биде приморан да го откупи за 40 милиони евра доколку исполни одредена клаузула од договорот која е поврзана со минутите поминати на теренот (минималниот просек е 30 минути по меч).

Раководството на Атлетико ова лето се предомисли, не го откупи неговиот договор, по што почна ретко да игра. На оваа тема зборуваше и Диего Симеоне.

„Морате да ги натерате играчи да сфатат дека добри 30 минути се подобри од 60 лоши. Сите сакаат да играат, но за тоа постојат тренери, да ја донесат најдобрата одлука за својот тим“, изјави Симеоне.

Оваа сезона Гризман одигра 29 минути против Гетафе, 29 против Виљареал и 27 против Барселона, што пак говори за политиката на клубот.

ПретходноПресврт: Гостивар одлучи да игра против Беса
СледноСерена Вилијамс: Млада сум, сакам да уживам додека можам да одам!