Тимот на Фрајбург има изненадувачки извонреден старт на сезоната во Бундес лигата и по пет одиграни кола е лидер на табелата до 12. бодови. Овој статус го обезбеди денешниот триумф над Баер Леверкузен на гостински терен по извонредно одиграното второ полувреме. Откако Демирбај постигна гол за домашните во првиот дел, следуваше комплетен пресврт во вториот дел. Гинтер и Грегориш за 1:2, домашните преку Шик повторно дојдоа до позитина 2:2, но Доан во 72 минута ги постави конечните 2:3.
Од друга страна пак на големо изненадување, тимот на Баерн Минхен не успеа да победи и одигра само 1:1 против Унион Берлин. Домашните поведоа преку Бекер, а Кимих постави 1:1 уште пред полувремето.
Резултати:
Баер Леверкузен – Фрајбург 2:3
Бохум – Вердер 0:2
Штутгарт – Шалке 1:1
Унион Берлин – Баерн 1:1
Волфсбург – Келн 2:4