Јунајтед го победи Арсенал – првенец на Антони, поништен гол на „топчиите“ по чудна одлука на судијата (видео)

534

Манчестер Јунајтед стигна и до четвртата победа по ред откако на свој терен го совлада Арсенал со 3:1. „Топчиите“ дојдоа на „Олд Трафорд“ со скор од пет од пет, но се сопнаа во Манчестер.
Додуша којзнае каков ќе беше резултатот доколку судијата не го поништеше голот на Мартинели. Фудбалерот на Арсенал погоди во 12 минута, но реагираше ВАР. Судијата одите да погледне снимка и го поништи голот затоа што претходно имало прекршок.


Попусто реакциите на „топчиите“ кога судијата остана на своето и го поништи голот. Набргу потоа „Ѓаволите“ дојдоа во предност. Прв погодок за Антони кој пред неколку денови дојде од Ајакс за неверојатни 100 милиони евра.
Во 60. минута Арсенал изедначи со голот на Сака, но шест минути подоцна Јунајтед одново дојде во водство со голот на Маркус Рашфорд. Истиот играч во финишот ги постави конечните 3:1.

ПОНИШТЕНИОТ ГОЛ НА МАРТИНЕЛИ НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА АНТОНИ НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА САКА НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА РАШФОРД НА ОВОЈ ЛИНК

ПретходноЧистка во Шкендија: Јонузи нов тренер, Харун Иса спортски директор, Ибраим Османи претседател!?
СледноБосна го урна актуелниот европски првак!