По голема борба и неизвесност, и пет додатни минути како продолжение репрезентацијата на Грузија успеа да ја совлада Турција во рамките од Европскиот кошаркарски шампионат. Конечните 88:83 се производ на одлично одигран меч на грузијците кои не се исплашија од фаворитот напротив, одиграа храбро и квалитетно, па затоа и беа наградени.
Мамукелашвили со 20 поени најјефикасен на мечот, Сенгун зад него со 19. По три одиграни меча Турција има пет бода и е втора,додека Грузија има бод помалку и е петта.