Ние и вие – сите луѓе на претседателот (Чеферин)

364

Не сакам да бидам патетичен, па и сега тоа е последното што сакам да бидам. Но има нешто македонско во словенското доживување на овогодинешното ЕУРО во историскиот момент за македонскиот фудбал. Што се однесува до нас, Словенците, не паметам така изразито проживување на сите најубави моменти на словенечката репрезентација низ селекцијата на една друга земја.

Има тука некоја логика. Како прво, Словенија одлично мина низ пост-југословенските “гомненици“ па Словенците немаат никакви прболеми ни со кого на овие простори. Уште повеќе, за сите имаат симпатии отколку кон другите. Многу Словенци водат потекло од некогашните републики, па навивањето или барем симпатизирањето кон сите тие репрезентации е нешто сосема вообичаено.

Но, ако на примерите со Србија, Хрватска и БиХ сепак има мали тензии, ривалства и љубомори, тогаш со Македонија тоа е сосема некоја друга приказна. Уште во Југославија географски најодалечена, но најблиска по различноста на јазикот, културата и по многу нешта во однос на оската Загреб – Белград, Македонија и Словенија предизвикува само топлина и симпатии. Никогаш ништо поинакво.

А како второ, актуелната македонска приказна навистина многу е слична на се она што некогаш Словенија ја имаше кога за првпат „лижеше мед“ на некој голем турнир. Тој тимски дух, тој пат од трње до ѕвезди, таа приказна за една голема ѕвезда и “сите за еден а еден за сите“ мускетари за него.

Кога ќе игра Македонија, Словенија ќе биде најблиску до тоа како да игра својата репрезентација- без да игра нашата репрезентација. Сто посто. И веројатно затоа, од тие чувства доаѓа фамозната реченица на претседателот на УЕФА Александер Чеферин, кој никогаш не бегаше од тоа да каже за кого навива и што му е мило на срцето. Го прегрна пред некој ден во Порто, Матео Ковачиќ, како што другите не ги прегрнуваше. И така е секогаш кога пред некој ден ќе се најде фудбалер од екс-Југославија. Но, кога го прашаа за кого ќе навива на ЕУРО, тој не рече за Хрватска. Дури не рече дека ќе навива за Македонија и Хрватска. Само Македонија ја спомна. Зошто сигурно во неа гледа уште силна братска приказна и дека сигурно го потсетува на се она што се присетува од минатото со Словенија-а што со својата држава никогаш не го доживеал тоа од како е на функцијата претседател на УЕФА. И кога ќе кажам дека има нешто словенечко во македонските денови од соништата-тука мислам, секако на Чеферин.

Како што тој кажа дека ќе навива за Македонија, така многу Македонци му се благодарни нему на пласманот на ЕУРО. Секако дека има тука некоја логика. Сите ние знаеме како Македонија дојде до својот историски пласман. Не ми паѓа на памет да кажам дека не би дошла и без Лигата на Нации, но факт е дека сепак дојде до ЕУРО низ ова натпреварување. А исто факт е дека дека таа Лига на Нации е проект на Чеферин со цел-да му се олесни некому кој тешко би успеал по друг пат. И сигурен сум дека нему му е многу драго што таа можност прво ја зграпчи репрезентацијата, која овде ќе ја гледаат со големо, можеби со најголемо интересирање.

И не само тоа, многу Словенци се во некоја мини еуфорија, дури и се обложуваат дека токму Македонија ќе биде изненадување на првенството и дека нашиот и вашиот претседател ќе ја гледаат во осминафиналето.

ПретходноЃоковиќ се пошегува на сметка на својата сопруга
СледноСензација во Келн: Алборг преку ПСЖ на Раул до финалето во ЛШ