ЕУРО – група Б: Данска – Финска, северно дерби среде Копенхаген!

224

Доцна попладнево од 18 часот на “Паркен стадионот“ во Копенхаген, се игра првиот меч од групата Б. Меч во кој се среќаваат Данска и Финска. Другите две селекции од ова група се Белгија и Русија, кои играат вечерва од 21 часот во Санкт Петербург.

Се разбира, и не само поради тоа дека е домаќин, селекцијата на Данска е фаворит. Некогашен европски првак од 1992 година, редовен учесник на речиси сите големи натпреварувања во последно време.

Финска заедно со Македонија, за првпат ќе игра на едно ЕП. Како репрезентација – дебитант, Пуки и другарите се ослободени од секаков вид на притисок, што и да направат на ЕУРО тие веќе ја испишаа својата фудбалска историја.

Исто така покажаа дека немањето доволен квалитет за големи нешта знаат да го искомпензираат со многу борба, залагање и верба во себе и своите можности.

Данска предводена од Кристијан Ериксен со право смета на освојување на сите три бода уште на стартот на ова ЕП. Знаат добро Данците дека против Русија и Белгија ќе имаат тешка задача, па мора Финска да се победи ако се сака пласман во следната фаза на ЕУРО 2020.

ПретходноФранко Фода: Ја победивме Македонија веќе, зошто не би ја победиле пак
СледноАвстрија не тренира, „се отвори небото“ во Букурешт (ВИДЕО)