Белгија против Русија е првиот натпревар од групата „Б“ и последниот дуел вечерва. Белгија е апсолутен фаворит, но Русите и во минатото знаеле некогаш да изненадат.
Секако најсилен адут за триумф на Белгијците е Ромело Лукаку, кој ќе мора да дава голови во отсуство на Кевин Де Брујне. А, токму одбраната на Русија е можеби најслабата алка во оваа селекција.
„Се согласувам дека секогаш првиот меч е најтежок на едно вакво натпреварување. Треба да влеземе на првенството ментално и физички подготовени. Ова ќе биде вистински тест за квалитетите на нашата селекција. Добро ги познаваме, а тие ќе бидат во предност поради поддршката од публиката“, рече селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.
Селекторот на Русија, Станислав Черчешов очекува тежок натпревар.
„Белгија има 18 играчи кои играа на Мундијалот пред три години. Тие се една од најсилните селекции. Игравме три пати со нив, и навистина е тешко да се победат. Ќе го дадеме максимумот за да победиме“.