Швајцарија водеше, Мур и Ворд спасители на Велс (ВИДЕО)

125

Швајцарија – Велс 1:1. Тоа е исходот од вториот натпревар на ЕУРО одигран денеска во Баку.

Швајцарците поведоа преку Емболо во 49. минута. Гол со глава на робусниот голгетер. И кога се чинеше дека го имаа натпреварот во своите раце, сепак, Мур со иста мера врати и израмни.

Швајцарија имаше уште многу шанси, но на голот царуваше Ворд кој одбрани неколку топки, а беше поништен и еден гол на Швајцарците.

ФОТО: ЕУРО 2020 Твитер

ПретходноСензација во Келн: Алборг преку ПСЖ на Раул до финалето во ЛШ
СледноЕУРО – ГРУПА Б: Русите мора да ја сопрат гол машината Лукаку…