Започна 35-тиот Охридски пливачки маратон

91

Осуммина пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка ја започнаа трката на овогодинешниот 35-ти Охридски пливачки маратон, маратонците ја пливаат патеката „Климе Савин“ до Охридското пристаниште во должина од 25 километри.

Во категоријата мажи се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годинашното маратонско издание е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

„Секој пливач треба да се чувствува безбедно, обезбедена е придружба од чамец за секој пливач, резервни чамци, но секако направен е и посебен план за евакуација во случај на некое непредвидливо време, посебно денес кога се најавува и посилен ветер после 12 часот. Сите мерки се преземени, на самата стаза ќе има четири медицински екипи, една медицинска екипа со амбуланстко возило ќе биде постојано по патот, од Св. Наум до Охрид ќе ја следи трката и на целта имаме две медицински екипи со амбулантско возило кои што ќе ги пречекуваат пливачите и доколку има потреба да се пружи некоја помош. Години наназад сме имале доста интервенции и имаме доста искуство и се надевам дека се ќе биде во ред. Во однос на временските услови имаме детални информации и истите уште вчера им беа соопштени на пливачите на техничкиот состанок, дека ќе имаме променливо облачно време, нема да има дожд, но ќе има посилен ветер од југозападен правец чиј интензитет ќе се зголеми после 12 часот. Токму затоа и правецот на патеката е така наместен да не се оди спротвно на брановите на запад, но одиме кон север од јужната страна, за да им биде побезбедно на самите пливачи. Температурата на водата по целата патека е од 22 до 24 степени, а на воздухот од 27-28 степени, така што очекуваме, покрај ветарот, дека се ќе помине во најдобар ред, рече Точков, претседателот на организацијата. 

ПретходноПочнува разврската на Еуробаскетот: Ќе може ли одбраната на Белгија да го задржи Дончиќ?
СледноВМФЛ:Пелистер го дочекува Гостивар во дербито, Вардар со Борец, Детонит му гостува на Кожуф