Играчите се свртеа против Нагелсман: Нека си ги преиспита тактичките замисли

526

Баерн Минхен врза три нерешени средби во Бундеслигата, што беше доволно за да излезе „валканиот веш“ во јавноста. Германските медиуми „Кикер“ и „Билд“ излегоа со информации за моменталната ситуација во соблекувалната на Баерн, која по се изгледа не е розова.

„Кикер“ тврди дека Баерн ја изгубил контролата на мечот со Штутгарт само поради тактиката на Наглесман. Во исто време „Билд“ пишува дека некои играчи сметаат дека Нагелсман треба да ги преиспита своите тактички замисли.

Играчите се фрустрирани од однесувањето на младиот стратег кој никогаш не е самокритичен во јавноста и не презема одговорност за лошите резултати, како што беше случајот во саботата, кога повторно ја префрли вината на играчите. Ако продолжи во овој стил, тој комплетно ќе го загуби авторитетот во соблекувалната, што ќе значи и пат кон сигурен отказ.

ПретходноДали ВАР погреши: Зошто никој на судијата не му покажа каде стои Кандрева?
СледноСудиската анализа покажа: Пилешков и Џонов го масакрираа Скопје