ЛШ: Интер рутински во Плзен, Спортинг во судиското продолжение го шокираше Тотенхем (ВИДЕО)

81

По поразот од Баерн (М) во 1. коло, екипата на Интер имаше сигурно гостување во Чешка каде со 2:0 ја совлада екипата на Викторија Плзен и ги обезбеди првите три бода во групата „Ц“.

Един Џеко со погодокот во 20. минута ги доведе Италијанците до водство од 1:0, а одлуката за победникот падна во 70. минута кога Дамфрис го потврди успехот со голот за 2:0.

Претходно, домашните останаа со играч помалку по исклучувањето на Буха, кој жестоко стартуваше на ногата на Бастони.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Вистинска драма се случуваше во последните минути на мечот во Лисабон. Спортинг и Тотенхем 90 минути играа без гол, по штос ледуваше фуриозен финиш на домашните. Резервистот Паулињо во 91. минута донесе голема радост на трибините на стадионот „Хозе Алвалде“ со погодокот за водство на домашените од 1:0.

Откако Тотенхем во последните две минути од продолжението тргна на се или ништо, Артур Гомеш успеа со еден велемајсторски пробив, сам да ја заврши акцијата во која вторпат го матираше Хуго Лорис за конечни 2:0 и нови три бода за португалскиот состав.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноСе е договорено: Фјури vs. Џошуа на 3 декември
СледноДобра вест за Интер: Лукаку по репрезентативната пауза се враќа на терен