Шкотите не ја фермаат УЕФА: И покрај забраната, ќе ја интонираат британската химна

393

Глазгов Ренџерс и покрај забраната од УЕФА, сепак, ќе ја емитува британската химна пред натпреварот од Лигата на шампионите против Наполу утревечер.

Натпреварот беше одложен за утре поради деновите на жалост поради смртта на британската кралица Елизабета Втора. Во исто време, италијанските навивачи нема да смеат да дојдат на ова гостување.

Челзи, Сити и Ренџерс побараа да им биде дозволено да ја интонираат британската химна пред нивните домашни натпревари во Лигата на шампионите, но УЕФА одби. Пред натпреварите на овие екипи ќе биде организирано едноминутно молчење, а играчите ќе можат да носат црн флор.

Според новинарот на Дејли Мејл, Мајк Киган, шкотскиот клуб ќе ја игнорира забраната на УЕФА и по едноминутно молчење ќе ја интонира британската химна.

ПретходноДобра вест за Интер: Лукаку по репрезентативната пауза се враќа на терен
СледноАдеми пред јубилејниот настап со Милан: Оваа „стотка“ нека биде прославена со нов успех