По Марјан Радески и Стефан Спировски, трет Македонец ќе заигра за ерменски Пјуник. Ерменскиот состав денеска и официјално го потврди трансферот на 31-годишниот дефанзивец Кире Ристевски, кој претходно ја заврши соработката со кипарски АЕЛ Лимасол.
Искусниот дефанзивец ќе биде ново име во тимот кој настапува во Конференциската лига на УЕФА.