ЛШ: Адеми и Ристовски на “Сан Сиро“, Елмас во Глазгов а Халанд против “својот“ Дортмунд!

75

Вечерва се играат девет натпревари од 2.коло во Лигата на Шампионите. Мечот во Глазгов, меѓу Ренџерс и Наполи што требаше да се игра вчера, беше презакажан за денеска, па така нашиот Елиф Елмас вечерва ќе може да ги искаже сите свои квалитети во дресот на наполитанците на ова тешко гостување за нив.

Динамо Загреб, гордоста на Балканот, а за кој ќе играат и нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски, гостува на легендарниот стадион “Сан Сиро“ во Милано, каде треба против најдобриот тим во Италија да покажат дека триумфот со Челзи минатата недела не бил случаен.

Се очекува околу 4.000 фанови на “модрите“ вечерва да го бодарт својот Динамо Загреб, веќе низ улиците на Милано е фешта.

Ерлинг Халанд сакал – нејќел ќе мора да „удри“ вечерва против „својата“ Борусија Дортмунд, клуб од каде ова лето дојде во Сити. Секако дека ќе биде интересно да се види дали Норвежанецот ќе ја продолжи својата страшна голтерска форма.

Сите двојки за вечерва можете да ги видите во продолжение…

2.КОЛО – ЛИГА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

ГРУПА-А

РЕНЏЕРС – НАПОЛИ (21:00)

ГРУПА-Е

МИЛАН – ДИНАМО ЗАГРЕБ (18:45)

ЧЕЛЗИ – САЛЦБУРГ (21:00)

ГРУПА-Ф

ШАХТЈОР – СЕЛТИК (18:45)

РЕАЛ МАДРИД – ЛАЈПЦИГ (21:00)

ГРУПА-Г

КОПЕНХАГЕН – СЕВИЉА (21:00)

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ДОРТМУНД (21:00)

ГРУПА-Х

МАКАБИ ХАИФА – ПСЖ (21:00)

ЈУЕНТУС – БЕНФИКА (21:00)

ПретходноГранде ќе ги бодри Аријан и Стефан во Милано: Капитену ти си единствен
СледноХамес Родригез на позајмица во Олимпијакос