Вечерва не престанува забавата, македонската забава во Букурешт. Главниот град на Романија е “окупиран“ од Фалангата, која буквално го тресе Букурешт.
Стариот град на Букурешт е полн со наши фанови, со Фаланагата која води 1:0 со австриските орли. Се пеат песни, доминира црвената и жолтата боја, убавина, радост, среќа и верба во својата репрезентација пред утрешниот дуел.
Да, точно е дека има и фанови од Австрија, но тие не се премногу расположени за забава, поважно им е пивото.