Гвардиола непрепознатлив: Му „урлаше“ на судијата во лице (ВИДЕО)

216

Манчестер Сити славеше против Дортмунд со 2:1 во Лигата на шампионите пред домашните навивачи со неверојатен гол на Ерлинг Халанд. Наместо радост – Пеп Гвардиола збесна по натпреварот.

Овојпат не отиде кај своите фудбалери кои често може да ги држи особено долго за да им објасни тактички детали, туку како ретко досега се пресмета со судијата, незадоволен од одредени одлуки.

Засега не е позната точната причина, по судиски свиреж тој „скокна“ на италијанскиот абитер Даниеле Орсато, кој немаше друг избор освен да го казни Гвардиола со жолт картон, иако натпреварот заврши.

Гвардиола му се втурна во лицето на Орсато, му покажа со прстот на теренот, веројатно потсетувајќи на една од ситуациите на кои Италијанецот остана без зборови, тој викаше и му викаше, веројатно имаше некои груби зборови, доволно за да добие жолт картон. Гвардиола почна да се извинува – дури и го прегрна судијата.

Апсолутно неверојатна сцена, особено ако се земе предвид дека се работи за Гвардиола, кој во текот на кариерата не покажал такви емоции во разговорот со судиите.

ПретходноАргентинецот во прегратка ги дочека дечињата кои не можеа да поверуваат дека пред нив е Меси (ВИДЕО)
СледноПораз на вториот тест меч против Албанија